Понеделник, 26 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Зеленски за Србија: Тоа е очигледно ново поглавје во историјата на земјата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги коментираше изборите во Србија.

„Во Србија се случија промени, победа на Студентската листа. Ова е очигледно ново поглавје во историјата на земјата и нејзиниот народ.
Секогаш се радуваме на нашите заеднички успеси, на сè што ги зајакнува нашите општества и им обезбедува повеќе можности на луѓето.

Подготвени сме да продолжиме да ја прошируваме нашата соработка и нека се остварат сите добри надежи на граѓаните на Србија!“, рече претседателот на Украина.

На вонредните парламентарни избори во Србија, Студентската листа победи со 52,54 проценти од гласовите, додека листата на Александар Вучиќ „Обединета Србија“ освои 39,29 проценти, пренесуваат тамошните медиуми.

Поврзани вести