Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја погоди Кефалонија во Грција

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди грчкиот остров Кефалонија, соопшти Геодинамичкиот институт при Националната опсерваторија во Атина.
Земјотресот се случил во 2:57 часот по локално време, а епицентарот бил на длабочина од пет километри, на околу 11 километри од островот Итака и 93 километри од градот Патра.
Според сведоштва објавени на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), потресот не траел долго, но во домовите се почувствувало нишање.
Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.


