Ајкула нападна жена на плажа во Сиднеј

Жена се здобила со тешки повреди откако била нападната од ајкула на плажата Куџи во Сиднеј, по што властите затвориле неколку плажи во околината.

Според австралиските медиуми, повредената, која е во триесеттите години, се здобила со сериозни повреди на раката и ногата. Капачи ја извлекле од морето, а медицински екипи ѝ укажале прва помош пред да биде пренесена во болница.

Неколку сведоци изјавиле дека непосредно пред нападот забележале ајкула во близина на местото на инцидентот.

По нападот, властите ги евакуирале капачите и ја затвориле плажата Куџи, како и други плажи во општината Рендвик. Во тек е истрага за околностите на нападот, а плажите ќе останат затворени сè додека надлежните служби не утврдат дека подрачјето е безбедно.

Scroll to Top