(Видео) Во затвор ќе оди американскиот стример кој бакнуваше споменик на сексуалните робинки во Јужна Кореја

Американскиот лајвстример, Џони Сомали, кој предизвика гнев во Јужна Кореја откако бакнал споменик на жени кои за време на Втората светска војна биле сексуални робинки, е осуден на шест месеци затвор. Властите во Сеул го обвинија за нарушување на јавниот ред и мир во ноември 2024 година, откако објави снимка на која го бакнува споменикот и изведува непримерен танц врз него. Оттогаш му беше забранет излез од земјата, пренесува „Би-Би-Си“.

Судот во Сеул го прогласил за виновен за нарушување на јавниот ред и други дела, вклучително и дистрибуција на несоодветни содржини. Претходно му бил забранет излез од земјата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JTBCNEWS (@jtbcnews)

Станува збор за 25-годишник, познат по провокативни видеа и забрани на неколку платформи.

Судот навел дека сторил повеќе прекршоци со цел заработка преку интернет, игнорирајќи ги законите.

Му е изречена поблага казна од бараната, а по излегувањето ќе има ограничувања за работа со ранливи групи.

Случајот предизвика реакции и поради чувствителноста на темата – десетици илјади жени од Азија биле жртви на сексуално ропство за време на Втората светска војна, во чија чест се поставени овие споменици.

Фото: Depositphotos

Scroll to Top