(Видео) Драма во Турција: Маж со пушка влета во училиште, децата бегаат

Во Шанлиурфа, на југот на Турција, утрово се случи вооружен инцидент во средно стручно училиште во округот Сиверек, кога вооружен маж наводно влегол во училишната зграда и отворил оган од пушка.

Според „Дејли меил“, најмалку 18 лица се ранети, вклучувајќи и ученици.

Турските медиуми наведуваат дека напаѓачот е поранешен ученик на училиштето и дека извршил самоубиство.

Локалните медиуми неколку моменти претходно објавија дека напаѓачот останал во училишната зграда по пукањето, како и дека држел некои од учениците како заложници.

Полицијата веднаш го блокираше поширокото подрачје и воведе строги безбедносни мерки, додека специјални полициски единици и тимови за итни случаи беа испратени на терен.

Scroll to Top