Шест лица беа убиени во израелски воздушен напад врз Кфар Дунин во јужен Либан синоќа, објави либанската државна новинска агенција (NNA).
„Непријателски авиони погодија куќа во Кфар Дунин синоќа, при што загинаа шест, а седумте лица кои беа ранети, беа однесени во болници во Тир“, напиша агенцијата.
Во меѓувреме, израелската војска на социјалните мрежи нареди евакуација на жителите на малото гратче Сохмор во долината Бека на истокот од земјата поради очекувано бомбардирање.
Israel dropped bombs on a school run by nuns today in Nabatieh, South Lebanon.
They obliterated it.
Not a military site.
A school run by religious sisters. pic.twitter.com/RZossXhESg
— sarah (@sahouraxo) May 11, 2026
И покрај прекинот на огнот што е во сила од 17 април, Израел продолжи да гранатира неколку региони во Либан, а проиранската милиција Хезболах продолжува да ја презема одговорноста за нападите врз израелски цели.
Хезболах ја започна војната на 2 март со балистички ракети во Израел за да ја одмазди смртта на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен на првиот ден од израелско-американската офанзива против Техеран. Израел одговори со масовни воздушни напади и копнена инвазија на југот од земјата.
Според либанското Министерство за здравство, од почетокот на војната во Либан, во израелските напади се убиени 2.869 лица, вклучувајќи десетици убиени откако стапи на сила прекинот на огнот.
Понатамошни разговори меѓу Либан и Израел се очекуваат во Вашингтон во четврток и петок.







