Пратеникот на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Арменд Земај, физички нападнал случаен минувач на плоштадот во Приштина додека давал изјава за медиумите, јавија косовските медиуми.
Инцидентот се случил кога минувач му довикнал „лажго“ и „сите лажете“, по што дошло до вербална расправија што прераснала во физички судир. Косовската полиција го потврди случајот, а снимката од тепачката предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
Демократскиот сојуз на Косово го осуди нападот, нарекувајќи го „сериозно нарушување на институционалното достоинство“.
Подоцна, Земај се извини на својот профил на „Фејсбук“, велејќи дека реагирал во „емоционална состојба“ и дека неговиот чин не ги претставува вредностите што ги застапува. „Насилството, без разлика на провокацијата, никогаш не е вистинскиот одговор“, напиша пратеникот.
🇽🇰 Opposition MP Armend Zemaj (LDK) beat up a Vetevendosje supporter from the diaspora who called him a liar during a live interview. pic.twitter.com/AjQpTwe3py
— kos_data (@kos_data) October 25, 2025







