(Видео) Камера го сними моментот на силниот земјотрес во Јапонија

Безбедносна камера на Универзитетот во Кумамото го снимила моментот на силното потресување за време на денешниот силен земјотрес што го погоди југозападниот дел на Јапонија, јавува агенцијата „Анадолија“.

Снимката ја објави лабораторијата Суенага при Факултетот за образование на Универзитетот во Кумамото. На неа се гледа како просторијата силно се тресе за време на земјотресот што ја погоди префектурата.

Американскиот геолошки завод (USGS) првично соопшти дека земјотресот бил со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала. Потресот се случил во 16:28 часот по локално време, на длабочина од 10 километри.

По главниот потрес бил регистриран и последователен земјотрес со магнитуда од 5,6 степени. Според USGS, тој се случил во 17:08 часот по локално време, околу 16 километри североисточно од Цунаги во префектурата Кумамото.

Scroll to Top