Огромното знаме на Украина, кое од почетокот на војната стоеше на фасада на зграда во центарот на Приштина, денеска демонстративно е отстрането поради гневот на Албанците предизвикан од посетата на украинскиот лидер, Володимир Зеленски на Србија.
По тој повод се огласи и градоначалникот на Приштина, Перпарим Рама, порачувајќи дека, кога Косово не се почитува, Приштина одговара на ист начин.
Отстранувањето на украинското знаме од центарот на градот следуваше еден ден по посетата на Зеленски на Србија, од каде што тој порача дека ставот на Киев за непризнавање на Косово останува непроменет.







