(Видео) Орбан го призна поразот: Резултатот е болен

Унгарците гласаа денес на изборите на кои уверлива победа извојува партијата Тиса на противникот на Орбан, Петер Маѓар. Актуелниот премиер Виктор Орбан го призна поразот.

Со преброени 66,69 проценти од гласовите, Тиса има 137 места. Фидес има 55. Ми Хазанк, исто така, влегува во парламентот со 7 места.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го призна поразот на изборите.

Тој рече дека „резултатот е јасен“ и дека веќе ѝ честитал на победничката партија. Додаде дека исходот од изборите бил болен за Фидес.

Scroll to Top