Националниот центар за координација на поморско пребарување и спасување во Риека (MRCC Rijeka) утрово извести дека е во тек координирана операција за пребарување и спасување на четворица португалски државјани кои исчезнаа синоќа за време на силна бура во Велебитскиот канал, објавија хрватските медиуми.
Во 13 часот беше објавено дека една Португалка е пронајдена жива, а помалку од еден час подоцна, еден Португалец е пронајден жив. Се бараат уште двајца мажи. Тие се во триесеттите години.
За време на пребарувањето, во близина на брегот на островот Крк е пронајден и напуштен пловечки објект, кој според описот се совпаѓа со чамецот на исчезнатите лица.
Пријава за исчезнување на четири лица е примена утрово, 12 август, во 4:41 часот, од нивен познаник.







