(Видео) Рускинка му се заканува на таксист со мачета затоа што не ѝ се допаѓала музиката што ја пуштал

Во инцидент снимен од камерата во такси-возилото, Русинка му се заканувала на таксист со мачета затоа што не ѝ се допаѓала денс музиката на радио.

Снимката, која стана вирална, ја покажува жената како ладнокрвно вади оружје и бара промена во музичкиот жанр, објавува „Фри Прес Журнал“.

Видеото ја покажува патничката, која изгледа дека е во 50-тите години, како мирно седи на задното седиште пред да извади голема мачета од чантата. Потоа го турнала оружјето меѓу предните седишта, кон преплашениот возач, барајќи наместо тоа да пушта балади.

„Не ми се допаѓа ваков вид музика“, му рекла таа на преплашениот возач, кој се стреснал и се повлекол. „Разбирам, разбирам. Ќе ја исклучам“, одговара тој. „Кога ќе ја вклучиш мојата омилена балада, ќе ја тргнам мачетата“, додала жената.

Возачот, во паника, застанал покрај патот и, со рацете во воздух, брзо пронашол соодветна радио станица. Дури тогаш патничката го спуштила оружјето. Инцидентот наводно се случил во рускиот град Самара, а возачот наводно подоцна ја оставил жената на локалните гробишта.

Откако вознемирувачката снимка стана вирална, полицијата во Самара започна потрага по неидентификуваната жена. Иако возачот не поднел официјален извештај, службениците од полициската станица Смишљаевка потврдија дека го истражуваат случајот поради високиот јавен интерес.

фото: принтскрин

Scroll to Top