(Видео) Силна експлозија во фабрика за огномет на Малта

Силна експлозија, проследена со серија помали, ја потресе областа Салин на Малта, утрово откако експлодираше фабрика за огномет.

Експлозијата во фабриката Лурд на Трик ил-Кади ги оштети блиските згради, а двајца земјоделци, на возраст од 47 и 67 години, кои работеле на блиските полиња, се полесно повредени и хоспитализирани поради шок.

Полицијата потврди дека сите работници во фабриката и жителите во соседството се безбедни, објавува Times of Malta.

Првата детонација се случила околу 6:30 часот наутро, а чадот бил видлив од многу делови на островот.

Истата фабрика за огномет експлодираше пред осум години, во мај 2018 година, кога двајца мажи беа сериозно повредени.

Scroll to Top