Украински беспилотни летала наводно го нападнале сибирскиот град Тјумен доцна синоќа, на повеќе од 2.000 километри од линијата на фронтот, известија локалните руски претставници, пишува „Киев Индепендент“.
Службениците во рускиот Тјуменски регион објавија на „Телеграм“ дека три украински беспилотни летала биле соборени над „индустриски објект“ во градот. Тие додадоа дека немало пожари, жртви или експлозии за време на нападот и дека објектот работел „без прекин“.
Сепак, рускиот медиумски канал ASTRA на Телеграм објави, повикувајќи се на локалните жители, дека целта на нападот веројатно била рафинеријата за нафта Антипински, која се наоѓа во југоисточниот дел од градот.
Жителите објавија дека слушнале експлозии и виделе бројни противпожарни возила на патот помеѓу 20 и 21 часот по локално време. Проукраинските канали на социјалните медиуми објавија дека Украина поставила нов светски рекорд за најоддалечен напад од таканаречени самоубиствени дронови.
BREAKING:
Ukraine has set a new world record for the longest suicide drone strike in a war.
Ukrainian suicide drones have hit a Russian oil refinery in Tyumen, 2100 km (1300 miles) away from the Ukrainian border.
The previous record on 1800 km was set in August. pic.twitter.com/waMkgzIG9A
— Visegrád 24 (@visegrad24) October 6, 2025
Руското Министерство за вонредни ситуации одговори на нападот со соопштение во кое се вели дека немало пожар во рафинеријата. „Киев Индепендент“ не беше во можност независно да ги потврди овие тврдења, а украинската војска сè уште не го коментираше нападот, иако е веројатно дека биле користени дронови со долг дострел.
фото: принтскрин







