Возило наполнето со експлозив во саботата удрило во главниот влез на атлетски клуб во центарот на Портланд, во американската сојузна држава Орегон, соопштија локалните власти.
Според информациите, возачот загинал, а зградата во која удрил автомобилот е сериозно оштетена.
Противпожарно-спасувачката служба на Портланд соопшти дека пожарникарите реагирале на пријава за возило кое удрило во главниот влез на атлетскиот клуб „Малтнома“ нешто пред 3 часот по локално време, пренесува „Си-Би-Ес Њуз“.
По ударот, возилото се запалило, а откако пожарот бил ставен под контрола, полицијата го пронашла телото на возачот.
Мажот кој управувал со автомобилот сè уште не е официјално идентификуван, но полициски извори за локалните медиуми изјавиле дека станува збор за поранешен вработен во атлетскиот клуб.







