Претседателот на САД, Доналд Трамп, е подготвен да го заврши конфликтот со Иран без постигнување нов нуклеарен договор, доколку Техеран целосно повторно го отвори Ормушкиот теснец за пловидба, објави „Волстрит журнал“ (Wall Street Journal), повикувајќи се на американски официјални претставници.
Според извештајот, Трамп во приватни разговори им ја понудил оваа опција на своите високи соработници по неколкунеделни подготовки за прогласување победа, доколку Иран го обнови слободниот премин низ овој стратешки воден пат.
Сепак, постигнувањето договор стана потешко во саботата, кога Иран, меѓу останатите услови, побара исплата на милијарди долари од страна на САД, целосно повлекување на американските трупи од регионот и прекин на американската поморска блокада, пишува „Волстрит журнал“.
Според весникот, овие барања ја претставуваат досега највисоката цена што Техеран ја побарал за овозможување слободен проток на сообраќајот низ Ормускиот теснец.







