Денес се навршува точно една година од ужасната трагедија на главната железничка станица во Нови Сад, кога настрешницата падна и уби 16 лица.
Падот на настрешницата се случи во 11:52 часот наутро, над главниот влез на станицата. Официјалните податоци од српското Министерство за внатрешни работи покажуваат дека 14 лица загинале на лице место, вклучувајќи 3 деца, додека уште две лица починале подоцна во болница од повредите.
Членовите на спасувачките служби од речиси цела Србија тој ден неуморно ги расчистуваа урнатините во потрага по преживеани. Сведоците и спасувачите потоа ги опишаа сцените како морничави со вресоци и паника под урнатините. Најтешкиот дел беше извлекувањето на жртвите, особено децата.
Денот по трагедијата, 2 ноември 2024 година, во Србија беше прогласен Ден на жалост. Во Нови Сад беше прогласен тридневен период на жалост, кој го потпиша градоначалникот Милан Ѓуриќ.







