Голема полициска акција во Црна Гора: уапсен шефот на синдикатот за национална безбедност

Драгољуб Миловиќ, претседателот на синдикатот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), е уапсен во Подгорица; оваа вест прв ја објави порталот RTCG.

Апсењето е извршено во рамките на голема полициска операција за истражување на финансиското работење на синдикалните организации во безбедносниот сектор на Црна Гора, пренесува Telegraf.rs.

Според информациите објавени од RTCG, покрај Миловиќ, приведени се и неколку други лица.

Полициската истрага ги опфаќа синдикатите на Министерството за внатрешни работи (МУП), Управата на полицијата (УП), Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Полициската академија.

Scroll to Top