Гром усмрти 97 овци на швајцарските Алпи

Дури 97 црноноси овци угинале откако гром удрил во стадо на швајцарските Алпи, додека околу 80 животни преживеале.

Инцидентот се случил во текот на ноќта на планинско пасиште на планината Егерхорн, на надморска височина од 2.503 метри, по силните грмежи што зафатиле голем дел од Швајцарија.

Одгледувачот изјавил дека овците биле собрани во ограден простор како заштита од волци, мерка која последниве години станала неопходна поради зголемувањето на нивната популација.

Станува збор за црноноса овца, автохтона и заштитена швајцарска раса карактеристична за регионот Вале, позната по своето бело руно, црната муцка и завитканите рогови.

Scroll to Top