Грција купува израелски ракетен систем PULS вреден 650 милиони евра

Грција продолжува да ги модернизира своите вооружени сили и го купува израелскиот ракетен артилериски систем PULS, објави денес агенцијата dpa.

Договорот за купување на системот PULS беше потпишан денес во Атина, објави грчкото Министерство за одбрана.

Според информации од грчките воени кругови, ќе бидат испорачани ракети со дострел од 35 до 300 километри, а пакетот вклучува и водени ракети, пишува dpa.

Детали за вкупната вредност на договорот сè уште не се објавени, но „Ројтерс“ во ноември објави дека Атина сака 36 системи PULS во вредност од 650 милиони евра.

Грција објави дека сака да издвои 28 милијарди евра до 2036 година за модернизација на своите вооружени сили, објави „Ројтерс“ во тоа време.

Грција и Израел сè повеќе соработуваат во воениот и одбранбениот сектор, што делумно е резултат на затегнатите односи што двете земји ги имаат со Турција во источниот Медитеран, објави dpa. Двете земји одржуваат заеднички воени вежби и заеднички управуваат со воздухопловна база за обука во јужна Грција.

 

фото/Depositphotos/илустрација

Scroll to Top