Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис бил примен во болница по несреќа што ја доживеал додека возел велосипед.
Според локалните медиуми, Мицотакис во понеделникот отишол во болничката амбуланта откако паднал од велосипед.
Тој се здобил со повреда на раката и помали гребнатини, пренесува „Катимерини“.
Откако му била укажана прва помош, грчкиот премиер ја напуштил болницата.







