Дмитриев: „Тешки времиња ја очекуваат Европската Унија“

Кирил Дмитриев, раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF) и специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји, оцени дека ЕУ ја очекуваат исклучително тешки времиња поради отфрлањето на руските енергетски ресурси.

„Одбивањето на Европската Унија да се потпре на руските енергетски резерви и другите глупави идеолошки одлуки најавуваат исклучително тешки времиња за Европа“, напиша Дмитриев на социјалната мрежа Икс.

Вака го коментираше раководителот на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF) мислењето на експертите од „Волстрит журнал“ дека нафтената криза што ја погоди Азија најавува тешки времиња и за Европа, пренесува РИА Новости.

Во подоцнежна објава на истата социјална мрежа, Дмитриев додаде дека „Азија е помудра и се грижи за своите луѓе“, осврнувајќи се на новите енергетски договори меѓу Русија и азиските земји, „додека ЕУ и Велика Британија го забрзуваат своето идеолошко самоуништување“.

Ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток практично го запре бродскиот сообраќај низ Ормускиот теснец, клучен пат за испорака на нафта и течен природен гас (LNG) од Персискиот Залив, што доведе до зголемување на цените на енергијата во поголемиот дел од светот.

Scroll to Top