Драма околу Ормускиот теснец: Франција го собира воениот врв

Франција покренува иницијатива за враќање на пловидбата низ Ормускиот теснец, додека се разгледува формирање на меѓународна коалиција за отворање на клучниот поморски пат.

Началникот на Генералштабот на француските вооружени сили, генерал Фабиен Мандон, ќе одржи технички видео состанок со шефовите на армиите на земјите кои сакаат да придонесат за враќање на морската пловидба во Ормускиот теснец, изјави денес неименуван француски воен функционер.

„Средбата нема да биде поврзана со пристапот на Соединетите Американски Држави кон ова прашање, туку ќе остане во рамките на одбранбените позиции“, изјави неименуван француски воен функционер, според Ројтерс.

Франција неколку пати повтори дека нема да учествува во воено-морски операции додека не се смират непријателствата во регионот.

Либанскиот весник на француски јазик „Оринет Тудеј“ претходно денес објави дека Франција и Велика Британија ќе претседаваат со преговорите оваа недела во кои ќе учествуваат околу 30 земји со цел да се воспостави коалициска мисија за повторно отворање на морскиот пат низ Ормускиот теснец, кој Иран го блокираше веднаш по избувнувањето на војната со САД и Израел.

Лондонскиот „Тајмс“ објави дека Велика Британија понудила да биде домаќин на самит во Јужен Портсмут или во Лондон за да се разработат деталите и да се формира коалиција, што би обезбедило повторно отворање на водниот пат „штом условите се соодветни“.

Scroll to Top