Еден кат подолу од пеколот: фотографот зборуваше за човекот покрај прозорецот во домот во Тузла

Eдинаесет лица загинаа во пожарот што го зафати Пензионерскиот дом во Тузла, а дополнително, 35 побарале медицинска помош во Универзитетскиот клинички центар.

Фарук Бегташагиќ беше еден од фотографите на ова место и низ објективот долови една од најтажните сцени од претходната ноќ.

Како што објасни, го подготвил објективот за фотографирање и погледнал кон огнот на врвот од зградата. Сепак, морничавиот момент, кој се случил еден кат подолу, го потресол уште повеќе.

„На прозорецот имаше човек, а луѓето од улицата го повикуваа да се засолни. Долго време беше на прозорецот. Чадот почна сè повеќе да ја исполнува неговата соба. Како беспомошно да нè гледаше. По неколку моменти веќе го немаше. Само сакам да е добро“, рече Бегташагиќ, пренесе „Кликс.ба“.

Засега нема официјални информации за судбината на човекот од фотографијата.

Претходно денес директорот на Домот за стари лица, Мирсад Бакаловиќ, поднесе оставка од оваа позиција, додека сојузниот премиер, Нермин Никшиќ, најави дека во наредниот период ќе бидат формирани тимови за посета на институции од ваков тип.

Scroll to Top