Иран им се закани на Соединетите Американски Држави дека американските воени бродови ќе бидат потопени доколку се обидат да спроведат поморска блокада на иранските пристаништа.
„Секој брод што ќе се обиде да ги блокира нашите пристаништа ќе заврши на дното на морето“, изјави Алаедин Боружерди, член на одборот за надворешна политика и национална безбедност, пренесе државната телевизија „Прес ТВ“.
Боружерди ги отфрли американските закани како „пропаганда без воена основа“, тврдејќи дека САД немаат реална способност да спроведат таква блокада.
Тој додаде и дека другите членки на НАТО не би поддржале ваков потег.







