Мета: Повторно работат „Фејсбук“ и „Инстаграм“

Од компанијата „Мета“ соопштија дека е отстранет техничкиот проблем поради кој денес накратко беа недостапни социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Дел од корисниците пријавија дека апликациите не им се вчитуваат, додека други имаа проблеми со освежување на почетната страница и објавување содржини.

Од „Мета“ потврдија дека дефектот е решен и дека двете платформи повторно функционираат нормално.

Scroll to Top