НАТО: Русија е целосно одговорна за упадите во воздушниот простор на Полска и Романија

Членките на НАТО денеска одржаа состанок посветен на недамнешните упади во воздушниот простор на Полска и Романија, при што заклучија дека Русија сноси целосна одговорност за инцидентите.

Во последните недели неколку дронови влегле во романскиот воздушен простор, додека на 29 јули во Полска падна вооружено беспилотно летало, за кое се претпоставува дека е руско.

„Овој инцидент е уште еден непромислен чин на Русија и опасна последица од нејзината војна против Украина“, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Од Алијансата порачаа дека упадите се опасни и неприфатливи и дека покажуваат оти Русија сè посвесно прифаќа ризици. НАТО истовремено ја потврди поддршката за Украина и најави продолжување на напорите за зајакнување на безбедноста на источното крило на Алијансата.

Полска и Романија побараа од сојузниците дополнително зајакнување на воените капацитети и одбраната долж источните граници.

Scroll to Top