Нетанјаху: Ликвидацијата на Лариџани е дел од планот за дестабилизација на иранскиот режим

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека ликвидацијата на високиот ирански функционер Али Лариџани е дел од планот на Израел да го дестабилизира иранскиот режим и да му даде можност на иранскиот народ да го собори режимот.

„Ова нема да се случи одеднаш и нема да се случи лесно. Но, ако истраеме, ќе им дадеме можност да ја земат својата судбина во свои раце“, рече Нетанјаху во видео порака објавена од неговиот кабинет, пренесува „The Times of Israel“.

Тој рече дека Израел им помага на своите американски сојузници во Заливот во исто време во услови на ирански напади врз регионот и потврди дека вчера имал долг разговор со американскиот претседател Доналд Трамп за ова прашање.

„Постои соработка меѓу нашите воздухопловни сили и морнарица, меѓу мене и претседателот Трамп и неговиот тим. Ќе помогнеме и преку индиректни напади, кои создаваат огромен притисок врз иранскиот режим, и преку директни операции. Сè уште има многу изненадувања“, рече Нетанјаху, според Танјуг.

Scroll to Top