Нетанјаху ја исфрли Шпанија од Центарот за координација на примирјето во Газа: „Нема да толерирам непријателство“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека ја исклучил Шпанија од Цивилно-воениот координативен центар основан како дел од прекинот на огнот во Газа. Тој центар е дел од мировниот план од 20 точки на американскиот претседател Доналд Трамп, кој беше основа за примирјето.

Одлуката следеше по острите критики од Шпанија за војната на Израел против Иран, неговата политика во Газа и окупираниот Западен Брег и неговата смртоносна воена кампања во Либан, која вклучуваше бомбардирање и инвазија.

„Нема да толерирам непријателство“

„Израел нема да молчи пред оние што нè напаѓаат. Шпанија ги клевети нашите херои, војниците на Израелските одбранбени сили (ИДФ), најморалната армија во светот“, рече Нетанјаху. „Затоа денес наредив отстранување на шпанските претставници од координативниот центар во Кирјат Гат, откако Шпанија повеќе пати застана против Израел.“

„Не сум подготвен да го толерирам ова лицемерие и непријателство. Немам намера да дозволам ниту една земја да води дипломатска војна против нас без веднаш да ја плати цената за тоа.“

Scroll to Top