Советот за безбедност на ОН следната недела ќе гласа за резолуција за обезбедување премин низ Ормутскиот теснец, дознава Ројтерс од дипломатски извори.
Гласањето првично беше закажано за петок, а потоа и подоцна денес, но сè уште не е одреден точен датум.
Доколку биде усвоена, резолуцијата ќе им овозможи на државите да ги користат „сите потребни одбранбени средства“ за да обезбедат премин низ теснецот.
Морските операции во теснецот, кој е практично затворен од почетокот на војната, исто така ќе бидат одобрени.







