Осум деца убиени во пукање во САД, истрагата е во тек

Осум деца се убиени во пукање во американската сојузна држава Луизијана, соопштија властите.

Инцидентот се случил рано наутро во градот Шривпорт, а според полицијата, вкупно десет лица биле застрелани. Најмладата жртва имала една година, а најстарата 14 години.

Во нападот се повредени и две возрасни лица, додека истрагата сè уште е во тек и се собираат информации од три различни локации.

Полицијата соопшти дека осомничениот напаѓач бил убиен при обид да избега со украдено возило.

Scroll to Top