Песков: Одговорот на Русија на нападите врз инфраструктурата ќе биде суров

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија ќе одговори „остро“ на украинските напади врз нејзината економска и трговска инфраструктура.

„Украина се обидува да ја нападне нашата економска и трговска инфраструктура, предизвикувајќи одмазднички акции од наша страна, а тој одговор ќе биде суров“, изјави Песков за Блумберг.

Тој оцени дека на Русија не ѝ е потребна никаква „воена ескалација“ во Украина, наведувајќи дека руските вооружени сили веќе напредуваат, пренесува Танјуг.

„Ако зборувате за воена ескалација, едноставно не ни е потребна бидејќи така и така одиме напред“, рече портпаролот на Кремљ, пренесе ТАСС.

Scroll to Top