Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, денеска негираше дека Хрватска тргува со оружје со Израел, одговарајќи на барањето на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ до владата да престане да тргува со оружје и воена опрема со таа земја. Кога беше замолен да ја коментира изјавата на Милановиќ, Пленковиќ рече дека „нема трговија со оружје и воена опрема со Израел“, пренесува ХИНА. Хрватското Министерство за одбрана во саботата објави дека официјален Загреб во моментов не набавува оружје за хрватската армија од Израел.
