Пожарот во Тоскана се смирува: Евакуираните се враќаат дома

Повеќето од над 3.500 лица евакуирани поради големиот пожар во италијанска Тоскана се вратиле во своите домови откако состојбата се смирила, соопштија локалните власти.

Пожарникарите и натаму се борат со огнената стихија на планината Монте Фаети, меѓу Пиза и Лука, каде досега изгореле околу седум квадратни километри шума.

Најпогодена е општината Сан Џулијано Терме, а според првичните информации, пожарот најверојатно случајно го предизвикал земјоделец кој палел маслинови гранки.

Scroll to Top