Косовската претседателка Вјоса Османи денес го распушти парламентот и распиша предвремени избори, трети за нешто повеќе од една година, еден ден откако пратениците не успеаја да изберат нов претседател во уставниот рок.
Парламентот со 120 места имаше рок до полноќ во четврток да избере претседател, но владејачката партија Ветевендосје на премиерот Албин Курти не успеа да го обезбеди потребниот кворум или да ги освои пратениците од опозицијата зад својот кандидат, министерот за надворешни работи Глаук Коњуфца.
„Парламент кој не е во можност да избере претседател не може да го одолговлекува процесот на неодредено време, што е намерата сега“, рече Османи.
Опозициските партии бараа кандидат околу кого би можел да се изгради консензус, но Курти го номинираше својот министер за надворешни работи, Глаук Коњуфца.
Косово веќе одржа предвремени избори на 28 декември откако не успеа да формира влада по изборите во февруари 2025 година. Претседателот и премиерот доаѓаат од истата партија.







