Речиси 500 луѓе починале за време на топлотниот бран во Холандија

Минатонеделниот топлотен бран предизвикал околу 480 дополнителни смртни случаи во Холандија, соопштија здравствените власти.

Најголем дел од починатите биле лица постари од 80 години, а најпогодени биле јужните и источните делови на земјата, каде што температурите достигнале речиси 40 Целзиусови степени.

Претходно и Франција соопшти дека за време на истиот топлотен бран биле регистрирани најмалку 1.000 дополнителни смртни случаи.

Според научниците, топлотниот бран што започна на 20 јуни бил најинтензивниот досега забележан во Европа.

Scroll to Top