Русија денес објави дека украинските беспилотни летала го нападнале црноморскиот терминал на Каспискиот цевководен конзорциум (CPC), преку кој патуваат 1,5 проценти од светските резерви на нафта.
Нападот би можел да биде еден од најзначајните украински напади врз руските објекти на Црното Море од почетокот на војната. Во изминатиот месец, Киев ги интензивираше нападите врз руската инфраструктура, пишува „Ројтерс“.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина ги нападнала објектите за товарење на CPC со беспилотни летала. Терминалот Јужна Озерејевка на CPC извезува нафта од Казахстан, а меѓу акционерите се американските Шеврон и Ексон Мобил.
На веб-страницата на CPC се вели дека станува збор за проект во кој учествуваат Русија, Казахстан и „водечки меѓународни компании за нафта и гас“.
„Киевскиот режим намерно ги нападна објектите на меѓународната компанија „Касписки цевководен конзорциум“ со цел да им нанесе максимална економска штета на своите најголеми акционери – енергетски компании од САД и Казахстан“, се вели во соопштението.
Терминалот CPC, кој се наоѓа југозападно од Новоросијск, обработува 80 проценти од извозот на сурова нафта во Казахстан.
Два извори изјавија за „Ројтерс“ дека пожар избувнал во посебен инцидент на нафтениот терминал Шешарис, на околу 15 километри од терминалот CPC.
Шешарис обично обработува помеѓу 600.000 и 700.000 барели сурова нафта дневно. Минатата година извезе 19,8 милиони тони нафтени производи, објавува „Ројтерс“.
фото/ЕПА/илсутрација







