Руте: Доналд Трамп е во право, Русија и Кина ги интензивираат акциите на Арктикот

Учесниците на панелот „Може ли Европа да се одбрани“ на Светскиот економски форум во Давос се согласија дека постојат тензии во рамките на Северноатлантската алијанса (НАТО), но дека тие можат да се надминат преку дијалог и дека не смее да се дозволи Украина да биде колатерална штета на дебатата за Гренланд.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека во моментов има тензии во Алијансата, но тоа се случило и претходно – наведувајќи ги Грција и Турција како примери.

„Нема да коментирам за тоа, но еден начин за решавање на овие тензии е дипломатијата“, рече Руте и нагласи дека верува оти прашањето за Гренланд ќе се реши на пријателски начин, бидејќи главното прашање не е тој арктички остров, туку Украина.

„Додека зборуваме овде, руски беспилотни летала и ракети ја напаѓаат енергетската инфраструктура на Украина“, рече Руте.

Додаде дека од 1949 година, НАТО е сојуз на европски земји, Соединетите Американски Држави и Канада, што е важно за одбраната не само на Европа, туку и на САД, Арктикот и Атлантикот.

Руте рече дека НАТО е Северноатлантска алијанса и дека таму веќе има многу работа, па затоа не сакаше да коментира за Американскиот комитет за мир во Газа и нешто што е надвор од Атлантикот.

Кога беше прашан за тензиите меѓу членовите на Алијансата, тој рече дека сите треба да бидат убедени дека на тоа се работи „зад сцената, без јавноста и без коментар за Гренланд“.

„Единствениот начин е смислена дипломатија. Арктикот и тука е Доналд Трамп во право, Русија и Кина ги интензивираат акциите на Арктикот, од осумте земји што имаат права, седум се членки на НАТО“, рече Руте.

Руте, исто така, презентираше дека европските земји во рамките на НАТО нема да издвојат пет проценти за одбрана ако не беше Доналд Трамп.

Scroll to Top