Денес, Апелациониот суд во Париз ќе го разгледа барањето на поранешниот француски претседател на таа земја, Николас Саркиози, кој отслужува затворска казна во затворот Ла Санте во Париз, јавува телевизијата BFM.
Саркози ќе биде сослушан преку видео-обраќање, а постои можност да биде застапуван од неговите адвокати, кои најавија дека ќе тврдат на суд дека седумте критериуми за неговото затворање можат лесно да се исполнат ако биде ослободен под судски надзор.
Одлуката на Апелациониот суд би можела да се донесе денес, а доколку Саркози биде ослободен, тој би можел да го напушти затворот во рок од неколку часа, откако ќе бидат завршени административните формалности за неговото ослободување.
Поранешниот претседател може да биде ослободен без судски надзор, ослободен со судски надзор или ставен во домашен притвор со електронска нараквица, која ќе му биде инсталирана во наредните денови.
Доколку остане во притвор, неговите адвокати можат да поднесат ново барање за негово ослободување истиот ден. Саркози, кој веќе е осуден во случајот со прислушувањето, на 26 ноември ќе дознае дали Касациониот суд ќе ја потврди или ќе ја поништи неговата жалбена пресуда во аферата за нелегално финансирање на неговата неуспешна претседателска кампања во 2012 година.
Фото: принтскрин







