Италијанската престолнина денес беше погодена од бура со обилни врнежи од дожд, а се појави и торнадо кое собори дрвја и тезги на пазарот во Рим.
Обилните дождови доведоа до прелевање на атмосферската канализација и поплави во населбите Номентано, Саларио и Париоли, каде што сообраќајот беше запрен бидејќи нивото на водата речиси ги покри автомобилите, јавува „АНСА“.
Многу други делови од Италија денес беа погодени од обилни дождови кои предизвикаа поплави, особено во Фриули, Тоскана и Лацио, јавува Танјуг.







