Трамп: Доколку постигнатиот договор не се спроведе, ќе започне пукање посилно од кога било

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на социјалната мрежа Truth Social.

„Сите американски бродови, авиони и воен персонал, со дополнителна муниција, оружје и сè што е соодветно и потребно за спроведување смртоносни операции и уништување на веќе значително ослабен непријател, ќе останат распоредени во и околу Иран сè додека ПОСТИГНАТИОТ ДОГОВОР не биде целосно имплементиран.

Ако од која било причина ова не се случи, што е многу малку веројатно, тогаш ‘пукањето започнува’, поголемо, подобро и помоќно од било кој досега.“

Договорено е одамна, и покрај целата лажна реторика што го тврди спротивното – НЕМА НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ и Ормускиот теснец ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕН И БЕЗБЕДЕН. Во меѓувреме, нашата голема војска се вооружува и се одмара, всушност со нетрпение го очекува своето следно освојување. АМЕРИКА СЕ ВРАТИ!“, напиша Трамп.

24 часа откако Трамп објави дека САД ќе ги прекинат нападите врз Иран, расте неизвесноста околу тоа дали привременото примирје ќе се одржи. Вчера, Израел започна масовен бран напади врз Либан, при што наводно загинаа повеќе од 250 луѓе.

Израел и САД тврдат дека Либан не е опфатен со договорот за примирје, додека Иран и Пакистан не се согласуваат. Како одговор на израелските напади, Хезболах, група поддржана од Иран со седиште во Либан, објави дека испукала ракети во северен Израел.

Scroll to Top