Трамп најави конференција за спасувањето на пилотот од Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека денес ќе одржи прес-конференција за операцијата за спасување на екипажот на соборениот Ф-15 во Иран. Конференцијата ќе се одржи во 18 часот по македонско време, а ќе учествуваат и претставници на војската.

Белата куќа подоцна објави дека ќе се одржи во поголема сала поради големиот јавен интерес.

Трамп претходно ја опиша операцијата како исклучително ризична и изјави дека ваквите операции „ретко се спроведуваат“ поради опасноста.

Вториот член на екипажот, офицер за оружје, беше спасен речиси два дена по падот на авионот, при што се криел во планините, користејќи сигнален уред и пиштол за одбрана.

Пилотот беше спасен претходно, откако помина околу седум часа на иранска територија.

Scroll to Top