Трамп: Нема да му се извинам на папата

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека нема намера да му се извини на Папа Лав по критиките за американската политика кон Иран.

„Не, нема да се извинам, затоа што папата кажа работи што се погрешни“, рече Трамп, додавајќи дека Иран не смее да има нуклеарно оружје.

Тој го оцени папата како „слаб“ по прашањето на криминалот и рече дека нема причина за извинување.

Папата возврати дека ќе продолжи да зборува против војната и дека не се плаши од администрацијата на Трамп, нагласувајќи дека неговата улога е да ја пренесува пораката на мирот.

Scroll to Top