Украинска делегација во САД се сретна со произведувачите на ракетите „Томахок“

Украинска делегација предводена од шефот на кабинетот на претседателот Андриј Јермак е во посета на САД, каде се сретна со претставници на компанијата „Рејтион“ (Raytheon), производител на ракетите „Томахок“ (Tomahawk), чие набавување Киев долго го посакува. Делегацијата ја сочинуваат и премиерката Јулија Свириденко, секретарот на Советот за безбедност Рустем Умеров, заменик-министерот за надворешни работи Серхиј Кислиција и амбасадорката во САД Олга Стефанишина.

Покрај „Рејтион“, тие остварија средба и со „Локид Мартин“ (Lockheed Martin).

„Нивната технологија спасува животи — F-16 и системите за противвоздушна одбрана го штитат украинското небо, а нивните офанзивни решенија ги поддржуваат нашите сили на фронтот,“ изјави Јермак.

Прашањето за испорака на ракетите „Томахок“ се очекува да биде тема на средбата меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски оваа недела. НАТО-извори сметаат дека ова оружје може да има значително влијание на бојното поле, иако не е пресудно за текот на војната.

Scroll to Top