ФБИ потврди хакерски напад врз мејлот на директорот

ФБИ потврди дека хакери го нападнале мејлот на директорот Каш Пател, додавајќи дека не дошло до компромитирање на чувствителни податоци.

„’Злонамерни актери’ го таргетирале неговиот личен е-маил“, изјавил портпаролот на агенцијата.

Податоците што хакерите се обиделе да ги компромитираат биле од историска природа и не вклучуваат никакви државни информации, додал тој.

Групата Handala Hack, поврзана со Иран, јавно презеде одговорност за пробивот, објавувајќи фотографии од директорот и негов наводен биографски профил.

Фото: Depositphotos

Scroll to Top