Фидан: Израелскиот експанзионизам останува примарно безбедносно прашање во регионот

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес изјави дека израелскиот експанзионизам останува примарно безбедносно прашање во регионот.

„Израелскиот експанзионизам продолжува да претставува главен проблем на стабилноста и безбедноста во нашиот регион. Проблемот со кој се соочуваме во Заливот во никој случај не треба да нè натера да го заборавиме прашањето за Газа“, рече Фидан во Доха, за време на заедничката прес-конференција со премиерот и министер за надворешни работи на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, објави „Анадолија“.

Според Фидан, „спречувањето на употребата на Ормускиот теснец како оружје е важно не само за регионалната стабилност, туку и за глобалната економија“.

Scroll to Top