(Фото/Видео) Трамп: На мајка ми ѝ се допаѓаше Чарлс, ѝ беше сладок

Доналд Трамп одржа говор по повод државната посета на британското кралско семејство, истакнувајќи ја „вековната врска“ меѓу САД и Велика Британија. Започнувајќи го својот говор со зборовите „Каков прекрасен британски ден“, Трамп зборуваше за заедничката историја на двете нации, споменувајќи ја Магна Карта и Американската војна за независност, објавува Гардијан.

Вековна врска
Оддавајќи почит на нивната заедничка историја, Трамп ги истакна длабоките корени на американската култура. „Пред ние како Американци да имаме нација или устав, прво имавме култура, карактер и вера. И пред да ја прогласиме нашата независност, Американците го носеа во себе тој најредок дар – морална храброст – и тој доаѓаше од мало, но моќно кралство преку морето“, рече Трамп.

Тој додаде дека од независноста, „Американците немаат поблиски пријатели од Британците“.

„Мајка ми имаше симпатии кон Чарлс“
Трамп, исто така, го пофали „прекрасниот акцент“ на кралот Чарлс и го нарече монархот „сладок“. Потоа објасни дека коментарот е поврзан со неговата мајка, родена во Шкотска, на која „и се допаѓаше Чарлс“.

Тој рече дека секогаш кога кралицата ќе присуствувала на некој настан, неговата мајка ќе застанела пред телевизорот и ќе велела: „Види, Доналд, види колку е убаво.“ „Таа навистина го сакаше кралското семејство“, продолжи Трамп. „Но, исто така, се сеќавам дека многу јасно кажа дека Чарлс бил толку сладок. Мајка ми имаше симпатии кон Чарлс. Можете ли да верувате?“

Сеќавање на кралицата Елизабета II
Трамп, исто така, ѝ оддаде почит на покојната кралица Елизабета II, мајката на Чарлс, споменувајќи го дрвото што го засадила во Белата куќа во 1991 година. „Кралицата Елизабета II – многу, многу посебна жена која многу недостасува на двете страни од моќниот Атлантик – засади фиданка одамна. Беше многу младо и убаво дрво, а погледнете го сега“, рече тој.

Тој нагласи дека дрвото, како и самите Соединетите Американски Држави, е „засадено од британски раце на американска почва“. По кратките забелешки од Доналд Трамп, четворицата излегоа од сцената и на балконот на Белата куќа. Таму разговараа додека ги гледаа војниците како маршираат и свират на Јужниот тревник.

По прелетувањето на воените авиони, тие им мавтаа на насобраните и влегоа во Белата куќа, каде што претседателот и кралот Чарлс ќе одржат билатерален состанок зад затворени врати.

Scroll to Top