Франција распореди нова верзија на интерконтинентални ракети на подморници, за таканаречено нуклеарно одвраќање, објавија денес Министерството за вооружени сили и ArianeGroup.
„Третата верзија на стратешката балистичка ракета M51 (M51.3), која е лансирана од морето, влезе во оперативна употреба, што претставува голем чекор во модернизацијата на океанската компонента на француското нуклеарно одвраќање“, се вели во соопштението на министерството.
Таа ракета е опремена со нови нуклеарни боеви глави (TNO-2).
Со ова пуштање во употреба, завршува речиси 12-годишниот процес на модернизација.
„Таа ракета е поефикасна во однос на дострелот, прецизноста и способноста за пенетрација“, се додава во соопштението.
Тие ќе бидат распоредени на сите четири француски подморници со балистички ракети, од кои барем едната е сè уште скриена на дното на океанот.
Фото: принтскрин







