Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Саид Хатибзаде, денес изјави дека, по израелските напади во Либан, Иран синоќа испратил порака до Белата куќа дека Соединетите Американски Држави „мора да изберат“ дали сакаат војна или мир.
Хатибзаде за Би-Би-Си изјави дека резимето до кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп е – „не можете да ja имате вашaта торта и да ја јадете во исто време“.
„Не можете да барате прекин на огнот, а потоа да ги прифатите условите, да ги прифатите сите области на кои се однесува прекинот на огнот и да го именувате Либан, точно Либан, во него, а потоа вашиот сојузник (Израел) едноставно да започне масакр“, рече Хатибзаде.
Тој рече дека САД „мора да изберат“ дали сакаат војна или мир.
„Не можат да ги имаат и двете во исто време. Тие меѓусебно се исклучуваат, тоа е сосема јасно“, рече Хатибзаде.
На прашањето дали Иран ќе се повлече од преговорите ако продолжат израелските напади, тој одговори дека Иран „во голема мера е фокусиран на благосостојбата на целиот Блиски Исток“.
На прашањето дали Иран ќе побара од проиранската милитантна група Хезболах да престане да исфрла ракети кон Израел од Либан, Хатибзаде рече дека договорот за прекин на огнот го вклучува и Либан и дека Иран и неговите сојузници се подготвени да „прифатат прекин на огнот“.
Тој истакна дека Иран ќе „обезбеди безбеден премин“ за бродовите низ Ормускиот теснец, но дека неговото повторно отворање ќе се случи само „откако САД навистина ќе ја повлечат оваа агресија“, во врска со израелските напади врз Либан, пренесува Танјуг.
Во бранот израелски напади во Либан вчера, најмалку 254 лица беа убиени, а повеќе од 1.165 лица беа повредени.







