Норвешка сака да воведе построги правила за паметните очила: „Тие ја загрозуваат приватноста“

Норвешка планира да го ограничи користењето на паметни очила и слични уреди, наведувајќи загриженост за приватноста на граѓаните.

Станува збор за технологија со вградени камери, микрофони и екрани за проширена реалност, која им овозможува на корисниците да снимаат и прикажуваат податоци во видното поле.

Одлуката неодамна ја објавија властите во Осло, главниот град на Норвешка, пишува Euronews. Норвешкото Министерство за дигитализација објави дека бара построга регулатива за паметните очила и слични уреди. Исто така, ги повика јавниот и приватниот сектор да ги разгледаат своите упатства за употреба на вакви уреди.

Можна забрана за препознавање лица
„Гледаме дека новата технологија ја загрозува приватноста и заштитата на податоците. Затоа ќе ги регулирам паметните очила и сличните уреди построго отколку порано“, рече Кариане Тунг, норвешка министерка за дигитализација и јавна администрација.

„Ова, на пример, би можело да вклучува забрана на функции како што е препознавање на лицата на други луѓе на јавни места“, објасни Тунг. Министерката, исто така, објави дека нејзиното министерство ќе формира „експертска група“ која ќе дава совети за регулирање на оваа технологија.

Употребата на паметни очила стана предмет на дебата во последните месеци. Критичарите предупредуваат на ризиците за приватноста и можноста уредите да се користат за надзор. Од друга страна, застапниците ги нагласуваат нивните предности за лицата со попреченост, особено за слепите и лицата со оштетен вид.

Scroll to Top